Регистрирани 127 нови случаи на коронавирус, починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 67, Куманово – 1, Дебар – 1, Штип – 33, Тетово – 10, Струга – 5, Охрид – 6, Кочани – 2, Пробиштип – 2.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 4, Тетово – 2, Гостивар – 1. Починати се 3 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни, и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни, и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.152, бројката на оздравени пациенти е 1.653, на починати 156, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.343. По завршените епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Во согласност со тоа последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 1.332, активни 720
• Куманово – 556, активни 139
• Дебар – 53, активни 2
• Штип – 207, активни 169
• Прилеп – 218, активни 27
• Тетово – 291, активни 127
• Струга – 103, активни 30
• Велес – 144, активни 30
• Битола – 30, активни 3
• Охрид – 37, активни 20
• Кавадарци – 6, активен 1
• Гостивар – 50, активни 28
• Гевгелија – 6, активни 2
• Струмица – 5, активни 2
• Крива Паланка – 7, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 53, активни 22
• Пробиштип – 7, активни 5
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 2, активен 1
• Валандово – 3, активни 2
• Виница – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 3, активни 2
• Кичево – 3, активен 1
• Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ – 440 , ЦЈЗ Скопје – 24, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 91, „Систина“ со PCR-метода – 66 и МАНУ – 81. Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани и нема позитивни на Ковид-19.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 39 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Translate »