Луксузот на Тома Николиќ: Мислевме дека ќе му биде срам, ама тој и натаму си живее во државната вила
Поранешниот српски претседател Томислав Николиќ и по речиси една и пол година од заминувањето од функцијата шеф на државата одбива да се исели од резиденцијата во “Ужичка 23 “, пренесува “Блиц”.
Николиќ и неговата сопруга Драгица живеат во вила на Дедиње, на 800 квадратни метри, иако според функцијата која сега ја извршува претседател на Националниот совет за соработка со Русија и Кина, ваквото место на живеење не му припаѓа. Сепак, српската влада не го покренува прашањето за неговото иселување.
Пред претседателските избори, во април 2017 година, имаше гласини дека Николиќ ќе се кандидира по вторпат. Проценката во беше дека нема шанси тој да победи во првиот круг, по што Николиќ се согласи дека ќе се повлече, но под услов да продолжи да живее на” Ужичка 23″. – Единствено му беше важна вилата и ние одлучивме да му излеземе во пресрет. Мислевме дека по некое време самиот ќе сфати дека таму не му е место ама тоа не се случи , открива изворот на “Блиц”.
Тој имаше и план за реконструкција на луксузната зграда, па дури беше распишан и тендер за реновирање на покривот и на внатрешноста на помошна зграда во комплексот, но планот за реновирање беше откажан.