Макрон: Подготвени сме да воведеме санкции против одговорните за убиството на Кашоги

Франција е подготвена да соработува со партнерите за воведување на „меѓународни санкции” против оние кои се одговорни за убиството на саудискиот новинар Џемал ​Кашоги.

Ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор со саудискиот крал Салман.

Како што соопшти Елисејската палата, Maкрон побарал од кралот да се разјаснат сите околности кои доведоа до убиството на новинарот.

Макрон го потсетил Салман и дека за Франција, еден од врвните приоритети е заштитата на слободата на изразување, медиумите и граѓанските слободи.

Според него, Франција нема да се двоуми да соработува со своите партнери за воведување меѓународни санкции за виновениот за убиство, додаваат од Елисејската палата.

Кашоги, кој беше критичар на саудиското кралско семејство и кој живеше во САД, исчезна на 2 октомври, откако тој влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што дојде по документите за брак. По што беше убиен.

Ријад во својата прва реакција рече дека 59-годишниот Кашоги заминал од конзулатот, а подоцна под меѓународен притисок наведе дека резултатите од нивната истрага покажале дека новинар го загубил својот живот во борба на конзулатот. Турските медиуми претходно објавија дека новинарот бил малтретиран пред неговата смрт.

Француската влада најави претходно денеска дека ќе бидат санкционирани ако се утврди дека Ријад е одговорен за убиството на саудискиот новинар и ако оваа информација е потврдена од страна на француската разузнавачка служба.

Translate »