Чичаковски, Дума и Милев си поднесоа оставки во ДИК
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски потврдил дека си поднел оставка на функцијата.
Околу причините за оставката, Чичаковски навел дека тоа е негов личен чин.
Инаку, оставката на Чичаковски доаѓа откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК си зеле високи бонуси за последните изборни циклуси, а беше почната и интернет-петиција со која се бараат оставки од деветмината членови на ДИК, која ја потпишаа над 5.000 лица.
И членовите на ДИК, Виолета Дума и Игор Милев, кои беа претставници на СДСМ во Комисијата за дел од медиумите потврдиле дека поднеле оставки на своите функции.
Мандатот на овој состав на ДИК истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Договорот од Пржино.
Превземено од Мета