НЛБ Банка со спектакуларен концерт на Симон Трпчевски одбележа 40 години постоење
НЛБ Банка одбележа значаен јубилеј – 40 години постоење и континуирана посветеност кон клиентите, заедницата и развојот на финансискиот систем во земјата. Четири децении стабилност, одговорно банкарство и иновации се повод за прослава, но и за осврт кон постигнатото и визијата за иднината.
Од своето основање, банката израсна во една од најзначајните финансиски институции, градејќи силна доверба со населението и деловната заедница. Преку модерни банкарски услуги, дигитални решенија и постојани инвестиции во технологија и човечки капитал, НЛБ Банка успеа да одговори на предизвиците на времето и да ги следи глобалните банкарски трендови.
Јубилејот беше одбележан со пригоден настан на кој Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје г.Тони Стојановски ги истакна клучните моменти од историјата на банката, нејзиниот придонес во економскиот развој и поддршката на бројни општествено-одговорни проекти. Посебен акцент беше ставен на благодарноста до вработените и клиентите, кои се темелот на долгорочниот успех. После него обраќање имаа претседателката на надзорниот одбор и извршниот директор на банката Блаж Бродњак.
Потоа следуваше настап на еден од најзначајните македонски и светски пијанисти, Симон Трпчевски, придружуван од квинтетот Македонисимо и Каролина Гочева.

Со поглед насочен кон иднината, НЛБ Банка ја продолжува својата мисија – да биде стабилен и доверлив партнер, да воведува современи финансиски решенија и активно да придонесува за одржлив развој на општеството. 40-годишниот јубилеј претставува силна мотивација за нови успеси и уште поголема посветеност во годините што следуваат.

