Македонија го празнува 11 Октомври – Денот на востанието
Во Собранието на Република Македонија денeска по повод празникот се врачува државната наградата „11 Октомври”.
Годинашните добитници се музичкиот уметник Влатко Стефановски -во областа на културата и уметноста и историчарот проф. д-р Амет Шериф – во областа на науката и образованието.
Оваа награда е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Макаедонија.
Честитка по повод празникот до граѓаните упати и претстедателот Иванов.