Груевски во судница за изборните нерегуларности: Јас само раководев со партија што победуваше на избори

Аболицијата на Претседателот Ѓорге Иванов, главен адут во судница на дел од обвинетите во „Титаник“. Адвокатот на екс-министерката за внатрешни работи Гордна Јанкулоска и претеникот Илија Димовски, посочи дека помилувањето на шефот на државата не може да биде повлечено и сè уште има правна сила.

Двајцата ги застапува Петар Василев кој е адвокат и на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски. Тој се повика на одлуката на Врховниот суд во Грција кој одлучи двоецот да не го екстрадира со објаснување дека помилувањето на Иванов не може да се повлече.

Инаку „Титаник“ се однесува на изборни нерегуларности и е најголем предмет на СЈО. Обвинети се поранешни високи функционери на владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, односно Кирил Божиновски, Мартин Протуѓер како и поранешниот премиер Никола Груевски. Тој денеска тврдеше дека не сторил кривично дело поврзано со изборни нерегуларности.

foto: Makfaks

„Инсинуации се дека сум се договорил со некој од обвинетите и дека сум натерал некого да стори кривично дело. СЈО немаат докази за тоа што го тврдат. Јас само раководев со партијата која ги добиваше изборите убедливо од 2006 година“, рече поранешниот премиер, Груевски.

Со свој став за стратегијата на одбраната за аболицијата на Иванов излезе и Кривичниот суд. Од таму објаснуваат дека нема никаков проблем да се водат постапките на СЈО, каде обвинети се 56 лица кои ги помилува претседателот пред две години. Не се исклучува можноста дополнително да се проверува на кој начин шефот на државата стигнал до податоци за осомничените, бидејќи во 2016 година голем дел од случаите беа во предистражна постапка, која е тајна.

Инаку, денешните воведни зборови на обвинетите во „Титаник“ ги одбележа и излагањето на адвокатката на обвинетата Катерина Велевска. Таа посочи дека новинарите Сашка Цветковска, Наташа Стојановска и Младен Чадиковски, сведоци на СЈО, треба да се гонат прекршочно и да се казнат со 500 до 800 евра.

Имено, според адвокатката, во истражувачаката сторија на А1 телевизија каде обелоденија дека членови на ВМРО -ДПМНЕ треба да донесат 10 сигурни гласачи, лажно се претставиле и сториле прекршок против јавниот ред и мир.Alsatm

 

Translate »