Хаос во парламентот: Погледнете како се пресметаа пратениците во Хонг Конг
Голема тепачка изби во парламентот на Хонг Конг поради планираните законски измени според кои на осомичените ќе им биде судено во матична Кина.
Тензиите започнаа веднаш после започнувањето на седницата, а пратениците веднаш почнаа меѓусебно да се навредуваат и да се обидуваат да дојдат до микрофонот. После физичката пресметка, неколкумина пратеници се повредени, а еден заврши во болница.
Критичарите сметаат дека измените на законот за екстрадиција претставуваат удар за слободата во Хонг Конг, додека пак властите тврдат дека измените се неопходни поради екстрадирањето на осомничените за убиство во Тајван.
Инаку, во рамките на политиката „една земја, два системи“, Хонг Конг има одвоен правен систем од матична Кина.
Пекинг во 1997-ма година ја врати контролата над Хонг Конг, некогаш британска колонија, под услов на оваа територија да ѝ даде „поголема автономија, освен во прашањата за надворешната и политиката за одбраната“.