Ова е “менито“ на Новак Ѓоковиќ со кое успеал да го подобри своето здравје и да го освои Вимблдон
Новата промена во исхраната на Новак Ѓоковиќ конечно го однела до посакуваните резултати.
Исхраната на Новак Ѓоковиќ е под голема лупа на јавноста и медиумите, затоа што многумина веруваат дека токму таа е виновникот за неговите одлични, но и лоши партии во тенисот.
Секојпат кога ќе се појави некоја информација за тоа како Новак се исхранува, тоа покренува разговор за неговите пласмани на големите тениски турнири.
Има и такви кои веруваат дека некој специфичен начин на исхрана му помага подобро да игра, но и оние кои сметаат дека секоја промена во режимот на исхрана на овој тенисер ништо добро не му носи.
Многумина верувале дека исфрлањето на месото и глутенот од неговата исхраната му ја пореметиле играта.
Многу од темите кои се започнати во врска со исхраната на Новак Ѓоковиќ биле базирани по претпоставки, но и нецелосни информации во врска со тоа дали тој е веган, дали избегнува глутен и дали јаде месо.
„Не сум веган и не го избегнувам глутенот. Само се обидувам да се хранам здраво. Луѓето се критични кон веганите, не ми се допаѓа тоа што на некои луѓе им се суди според тоа што го јадат. Ние сме дел од тоа друштво кое сака така да ги категоризира луѓето. Ако не уживам во тенисот, нема ни да играм. Тенисот е мојот најголем сојузник, но и најголем противник. Не играм заради пари, целта ми е да продолжам да се подобрувам“ – изјавил Ѓоковиќ за францускиот магазин Лекип.
Сепак Ѓоковиќ ја модифицираше својата исхрана за да го извлече максимумот од своите тренинзи, но и од своето тело.
Деталите за тоа што смее, а што мора да избегнува во исхраната, за да се врати во совршена форма која ја круниса со победа на Вимблдон, ги откри докторот по медицина Игор Четојевиќ, кој воедно го смислил и режимот на исхрана за Ѓоковиќ кој имал за цел да се подобрат здравјето и играта на овој тенисер. Тој додека гледал некој негов тениски натпревар, сосема случајно дошол до решение, кое Ѓоковиќ повторно го доведе до врвот во тенисот. Судејќи по последните тениски натпревари, новиот режим на исхрана и тоа како дал резултати.
Менито на Новаќ Ѓоковиќ:
– Пие млака вода цел ден во големи количини;
– Јаде по малку мед;
– Не јаде пченично брашно ниту производи кои го содржат;
– Избегнува млеко и млечни производи;
– Не пие алкохол за време на турнирот;
– Го исфрлил шеќерот од исхраната;
– Не јаде похувана храна и јадења подготвени во длабоки маснотии;
– Јаде лесни, не многу мрсни меса;
– Јаде храна на скара;
– Јаде свежи овошја и зеленчук;
– Jaде тестенини, но од ориз и пченка.