Времето запрело кога сопругата на Буфон се појавила во бикини кое што не можело да сокрие сè…
Иларија Д’Амико докажува дека годините навистина не ѝ можат ама баш ништо.
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон ужива на одмор во Италија, а за разлика од многимина кои што ја избраа Сардинија или пак Сицилија, легендарниот голман одлучил со своето семејство да се освежи на река во местото Трескието во Тоскана.
Скриениот рај во кој што Буфон и неговите деца можат да се опуштат, сепак го пронашле папарацо фотографите кои што направиле неколку сексапилни фотографии од сопругата на Буфон, која што инаку е популарно ТВ лице во Италија.
Иларија уште еднаш покажала дека годините не ѝ можат ништо, и дека и на 47-годишна возраст изгледа фантастично, па папарацо фотографите ѝ направиле добра „фотосесија“.
Погледнете ги фотографиите: