Пендаровски го зеде уверението и порача: Нема да ги отстранам сите од кабинетот на Иванов

Стево Пендаровски денеска во Државната изборна комисија го потпиша уверението со кое официјално станува претседател на Македонија а потоа порача дека ќе се потпре на некои кадри од кабинетот на неговиот претходник Ѓорѓе Иванов дококу смета дека ги задоволуваат потребните критериуми и дека нема да има политички реваншизам по тоа прашање.

„Секој што си ја работел добро работата ќе си го задржи своето работно место. Апелирам до овие принципи да се држи во иднина секоја власт. Времето на политички реваншизам заврши“, рече тој.

Во ДИК рече дека изборите биле по сите европски стандарди и за првпат по 25 години сите кандидати ги признале резултатите од гласањето. Наедно упати голема благодарност до ДИК и сите учесници за покажаната професионалност на високо ниво.



Translate »