Колку денови треба да трае годишниот одмор?

Еве што вели науката за тоа.

Сигурно барем еднаш во животот сте размислувале за вашиот совршен одмор. Притоа, се сте сложиле во вашата глава – знаете каде ќе одите, со кого, што би правеле, колкав буџет ви е потребен и колку време би требало да трае одморот.

И додека таквите размислување во голема мера се плод на фантазиија, науката одлучи да даде појасна и поиздржана рамка во која е дефиниран идеалниот период за одмор од работа.

Според една студија објавена во Journal of Happiness Studies, идеалниот годишен одмор треба да трае 8 дена.

Подобро спиеме и имаме повеќе енергија
Осумдневниот одмор доволен за да се распакувате, сместите, навикнете на промена и да се релаксирате. После тој период, позитивните ефекти стануваат помалку видливи.

Научниците заклучиле дека е потребно да помине некое време за да се навикнете на одмор после стресен и тежок период на работа.

По осумдневниот одмор, подобро спиете, слободни сте од стрес и генерално се чувствувате поенергично кога ќе се вратите дома.

Translate »