Совет од проф. д-р Гоце Спасовски, интернист-нефролог, трансплантолог- Сауна во домот, вистински благодет за здравјето
Во мојот дом веќе повеќе години имам сауна. Во основа се потребни само два квадрати, но во мојот дом одлично се вклопи сауна со три клупи, од 3.5 м2. Иако повеќето луѓе ја доживуваат како луксуз, место за уживање, сауната или парната бања обезбедуваат бројни позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Моето исксутво со честиот престој во сауната го потврдува токму тоа. Ова е една од моите најдобри инвестиции, во одржување на моето здравје, и секако здравјето на моето семејство.
Не е случајно што научниците од Харвард директно го поврзуваат честото користење на сауна со намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Според д-р Спасовски, со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен бенефит од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабет.
Само со 10 минутна посета во сауна, неколку пати во неделата ефикасно се елиминираат токсините од организмот (детоксикација) кожата се чисти и затегнува, што овозможува одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата. А кога изгледате поубаво, така и се чувствувате, самодовербата е на највисоко ниво, и тогаш сте најпродуктивни. Бидејќи не секогаш имав време да одам во сауна или парна бања која е оддалечена од мојот дом, а не сакав да се лишам од оваа потреба, се решив да инвестирам во домашна сауна. За мене поставувањето на сауна или парна бања во сопствениотдом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства, особено потребно во студените денови.
Му благодарам на тимот на Пирин Експорт кој за кратко време, кvалитетно и крајно професионално ја изведоа сауната во мојот дом. Топло препорачувам, за секој кој сака да се грижи за своето здравје да инвестира во сауна или парна бања. Треба малку простор, трошокот не е голем, а претставува вистински благодет за здравјето. http://pirinexport.mk/