НАЈРАСИПНИЧКИОТ ПРОЕКТ ОД СКОПЈЕ 2014 ГО ЗАМЕНИВ СО УБАВ МОСТ: Шилегов го пушти мостот на местото на Панорамското тркало
Од денес е прооден и спремен за користење пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради наместо Панорамското тркало, проект кој беше дел од Скопје 2014. Од кабинетот на актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Скопје велат дека со пренамената на тркалото и изградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра.
„Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно граѓаните може да го користат како јавен простор. Направивме модерен мост наместо најрасипничкиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, Панорамското тркало. Со стопирање на овој проект заштедивме 10 милиони евра пари на граѓаните и ги пренаменивме за други корисни проекти. Овој мост е победа на одговорното управување со вашите пари наспроти злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ“ – порача градоначалникот Шилегов.
Тој вели дека овој мост е победа на модерно Скопје наспроти лажното барокно минато и проектот Скопје 2014. Мостот ќе биде дел големата пешачка зона во центарот на градот која ќе биде готова до 2024 година.