Кралицата на Шпанија ја засени првата дама на Франција

Францускиот претседател и неговата сопруга беа домаќини на шпанскиот крал Филип и кралицата Летиција. Како и секогаш сите очи беа вперени во мини здолништето на првата дама, но, сепак, не успеа да ја засени кралицата, пишува „Дејли мејл“.

Шпанската кралска двојка е во посета на Франција, каде меѓу другото, се сретнаа и со претседателот Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит.

Претседателот и првата дама ја угостија кралската двојка во својата резиденција во Париз. Како и секогаш очите на јавноста беа вперени во убавите сопруги.

Брижит (65) одбрала многу храбар стајлинг со кој се обиде да ја засени елегантната кралица, но не успеа, како што коментираат многумина.

Таа носеше бел фустан со должина над колената искомбиниран со црни салонки, а кралицата заблеска во фустан во темно сина боја и со едно голо рамо. Познато е дека кралицата го носи епитетот икона на стилот, а и овој пат докажа дека е достојна за тоа.

 

Translate »