Како влијае зеленилото врз менталното здравје на човекот?

Научниците откриле дека животот во близина на природата доста влијае врз ментално и целокупното здравје, многу повеќе од работата и висината на платата. Се испоставува дека најголемиот дел од позитивното влијание го имаат зелените површини кои се наоѓаат на 300 метри од домот. Уште подобро и поголемо влијание зеленилото има кога е во наша потесна близина, балкон, дом или во двор.

 Дополнително, истражувањето покажало дека кога испитаниците во работните простории биле изложени на зелени површини, бонсаи дрва, и различни саксиски растенија, дале подобри резултати, отколку оние кои биле изложени на бела боја.  

Оние луѓе кои во градските средини живеат опкружени со зеленило се посреќни и позадоволни, покажало истражувањето спроведено во неколку универзитети во Велика Британија.


Користејќи ги податоците на 25,518 граѓани на Лондон, научниците открија дека животот во близина на природата многу повеќе влијае на менталното и целокупното здравје отколку работата и добрата плата. Авторите на студијата истражуваа колку зеленило е потребно за тоа да влијае позитивно на нас. Се испостави дека најголемо позитивно влијание имаат површините кои се наоѓаат на 300 метри од домот.

Бидејќи не секогаш можеме да престојуваме во природа, барем зелената декорација и нејзините позитивни ефекти можеме да ги внесеме во нашиот дом или канцеларија.! Токму поради тоа, тренд во светот, а и во Македонија е аплицирањето на вертикални градини, а пионер во нивната изведба е градинарскиот центар ФОЈА. Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди.

Изложеноста на зелени површини го зголемува и имунитетот за околу 50%. самите си ја предизвикуваме својата среќа!

Translate »