Пратениците дојдоа во Кривичниот суд

Пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Крсто Мукоски претпладнево дојдоа во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава.

Се очекува во текот на денов пред судиите да се посјавата и нивните колеги Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Куса изјава за медиумите пред влегувањето во судот даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Во петокот, Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот, а известувањето до Кривичниот суд од Парламентот пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Превземено:Nova Makedonija

Translate »