Пајак монструм виден во Австралијa

Лорен Анселт и нејзиниот пријател, од Квинсленд во Австралија, биле шокирани кога на балконската врата здогледале џиновски пајак, голем колку човечка дланка.

 

Кога се обиделе да го истераат, не сакал ни да се помрдне. “Не сакавме да го убиеме и затоа чекавме самиот да си замине“, изјави Анселт за австралиското издание на ‘‘Делји Мејл‘‘. Фотографијата на пајакот монструм веднаш ја постирале на интернет, па дури и му смислиле име: Арагон. По некое време пајакот се изгубил во градината и оттогаш не го виделе. Се надевам дека е срекен и жив, напиша Австралијанката на својот фејсбук.

Translate »