Иванов купил два стана на атрактивна локација на Водно
Претседателот на државата во заминување Ѓорге Иванов, купил два стана на Водно, кои во Катастарот се запишани на име на неговиот син. Во катастарската документација, до која дојде Телевизија 24, со барање за слободен пристап до инфромации од јавен карактер, стои дека за двата стана постои преддоговор за купородажба, зашто зградата е се уште во градба. Телевизија 24 беше на местото каде за неколку месеци ќе се вселат Иванови. Зградата се уште не е официјално завршена. Мајсторите ги финишираат поправките и според проектот, таа ќе биде пуштена за вселување за еден месец.
Едниот од двата стана на Иванов е со површина од 131 метар квадратен и се наоѓа на вториот кат од новата зграда на улицата Салвадор Аљенде. Вториот стан е во истата зграда, но најгоре, мансарда со површина од 91 метар квадратен. Мансардата е на две нивоа, со големи стаклени ѕидови од каде се гледа целиот град. Покрај двата стана, во сопственост на синот на претседателот е и гаража од 23 метри квадратни. Дел од соседите велат дека новите станови редовно доаѓале да ги видат првата дама и нејзиониот син. Претседателот поретко. Но него често пати го забележувале како ја набљудува зградата заедно со неговото обезбедување од спротивниот рид, каде што практично завршува и дворот на претседателската палата.
Од кабинетот на Иванов велат дека претседателот купил само еден стан, но не го пријавил зашто се уште не го исплатил и нема имотен лист.
– „Сите пријавени средства во анкетниот лист за имотната состојба на претседателот Иванов по стапувањето на фукцијата претседател се употребени како уплата за купување на еден стан за кој дополнително е земен и кредит. Станот се уште не е исплатен и не е во сопственост на семејството Иванови и поради тоа не може да биде пријавен во анкетниот лист. Кога станот ќе стане нивна сопственост, тогаш и ќе биде пријавен во анкетниот лист за имотната состојба“, велат од кабинетот на Иванов.
Познавачите за ТВ 24 велат дека со оглед на пазарната цена, каврадртурата и локацијата на становите , нивната вредност може да намине и 250 илјади евра. Во овој дел од градот, цена на кавдратен метар изнесува повеќе од 1 200 евра.
Во одговорот од кабинетот на преседателот се посочува дека за купување на станот бил подигнат банкарски кредит, кој пак не е евидентиран во анкетниот лист на претседателот.
Антикорупциска: Од увидот во нашата евиденција можеме да утврдиме дека во период од 2016 година до 2019 година Претседателот на РСМ Ѓорге Иванов има пријавено промена на имотната состојба на 27.04.2017 година и тоа:
-Продажба на земјиште во вредност од 2.152.325,00 денари
-Средствата од продажбата на земјиштето ставени во банка на име на деца во вредност од 2.152.325,00 денари.
Преддоговорите за продажба се склучени во 2016 година со инвеститорот на зградата, компанијата „Слободни ѕидари“.
Од Антикорупциска велат дека, бидејќи станува збор за преддоговор за купопродажба, Иванов се уште нема обврска да ги пријави становите во анкетиот лист.
– „Двата стана и гаражата Претседателот Ѓорге Иванов ќе има обврска да ги пријави во Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од 30 дена од моментот на стекнување на сопственост. Доколку не го изврши пријавувањето во дадениот рок против него може да се поведе прекршочна постапка и постапка за проверка на податоци за имотната состојба“, велат од Антикорупциска.
По десет години претседателствување Иванов од Водно, покрај со двата стана, ќе си замине и со повеќе пари на банкарските сметки. Од анкетниот лист се гледа дека тој има собрано околу 100 илјади евра. Неговиот син 35 илјади, стекнати со продажба на имот. Кај сопругата Маја за десет години нема никаква промена. И тогаш и сега таа во банка има 2 илјади евра во денари.