Прободено момче со нож во автобус

Седумнаесетгодишно момче вчера попладне било прободено со нож во автобусот број 57, информираат од МВР.

Според полицијата, тепачка настанала меѓу две групи на малолетници на вториот кат во автобус, кој во тој момент поминувал кај маркетот „Веро“ во Чаир.

Момчето било прободено со нож, а по здобиените повреди е префрлено на Ургентниот центар.

 

Translate »