25 години се трудиме косата да биде најсилниот адут на една жена- Маја Атанасовска Дионисиева, ФС Сара Бјуто – н. Ченто
- Колку е важна косата за една жена?
Косата не е само дел од нашиот изглед туку е дел од нашиот идентитет. Таа ја носи приказната на секојдневието, реагира на стресот, времето, начинот на живот. Понекогаш е сјајна и полна со живот, понекогаш сува и изморена. Но едно е сигурно, таа е огледало на една жена. Нешто што влијае на самодовербата на жената. Првиот и највидлив дел од нас е косата, ако е таа негувана, средена, таков е и впечатокот за таа жена. Затоа е и важно да се практикува правилна нега, која одговара на потребите и спецификите на косата.
- Оваа година славите јубилеј 25 години проефесионална работа. Кажете нешто повеќе за овој период?
Во оваа професија сум 25 години! Од самиот почеток па се до денес, целосно посветена на работата и на моето професионално надградување. Период на напорна работа, обуки, усовршување и секако многу задоволни клиенти. Задоволството на клиентите, за мене отсекогаш било потвтрда дали добро работам или не. Кога клиентите ти оставаат слобода, имаат доверба во тебе, кога повторно и повторно се враќаат во салон, тоа значи дека добро си ја работиш својата професија. Секако јас лично многу обрнувам внимание на личните контакти, на комуникацијата, на отвореноста, бидејќи и таа е важен сегмент, не само професионалниот дел.

- Што е вашиот совет за една жена?
Косата е најголемиот украс на жената. Здрава коса е еквивалент и за убава коса. За различен вид на коса има посебни третмани и третирања, што значи козметиката треба да се прилагоди на карактеристиките на косата на клиентот. Јас ги препорачувам производите на IMEL Professional . На пример третманот со Imel Keratin Infusion шампонот овозможува ефикасно да се хидрира и обнови оштетената коса и се препорачува за сите типови на коса. Луксузната маска е богата со интензивни состојки за кондиционирање, додека хидролизираниот кератин ја регенерира косата и ја прави поздрава, посилна и посјајна.
- Дали негата на коса треба да се прилагоди на индивидуалните потреби на секој човек.
Апсолутно да! Не постои универзален третман што одговара на сите. Косата на секој човек има свои специфични потреби: од хидратација и заштита, до зајакнување и обнова. Затоа професионалните фризери треба да им објаснат на луѓето кои состојки навистина ѝ се потребни на косата и како да се избегнат најчестите грешки во грижата за косата.
- Колку ги следите трендовите?
Денес е полесно да се следат, со оглед на достапноста на информациите на интернет. Тука се и семинарите, дома и во странство. Не ја исклучувам и комуникацијата и размената на искуства со колегите. Олеснителност е и тоа што на пазарот има лесно достапна и квалитетна професионална козметика за коса како како IMEL Professional со која и ние фризерите си ја олеснуваме работоа, а воедно ги задоволуваме потребите и желбите на клиентите.
Линк: www.hairstyle.mk; fb: HairStyle.mk; inst:hairstyle_mk


