ТРАМП: ПЕНТАГОН САКА ВОЈНА ЗА ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ОРУЖЈЕ ДА БИДАТ СРЕЌНИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека официјалните лица на Министерството за одбрана сакаат да продолжат да водат војни со цел производителите на оружје да бидат среќни.

Вчера Трамп на прес-конференција во Белата куќа повторно негираше дека наводно рекол дека американските војници кои го загубиле животот на бојното поле биле „губитници“.

„Не велам дека војската е за заљубена во мене. „Војниците сепак се“, рече Тамп.

Тој додаде дека „лидерите на Пентагон веројатно не се (заљубени) затоа што не сакаат ништо друго освен војна, за сите оние прекрасни компании што прават бомби, авиони и сè друго, да бидат среќни“.

Translate »