Започна 15. Меѓународна ликовна колонија „Љубанци 2025“
Во селото Љубанци со прекрасно природно опкружување, годинава по петнаесетти пат меѓународната ликовна колонија „Љубанци 2025“ се одржува од 16 до 22 јуни, настан кој прерасна во значајна културна традиција со меѓународен карактер.
Колонијата, која веќе две децении претставува значајна културна манифестација во нашиот регион и оваа година ќе обедини реномирани уметници од земјата и странство. Настанот има за цел не само да ја промовира современата ликовна уметност туку и да овозможи културна размена и соработка меѓу уметници од различни средини.

Учесници на оваа ликовна колонија се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Емилија и Стојче Тоциновски, Боро Арсовски, Ахмед Кадри, Владан Ранѓеловиќ, Петар Ксиропота, Евин Ева Пешиќ, Зоран Бошковски, Маја Танева, Марија Светиева, Јован Наумовски, Петар Беслаќ, Павел Јовановски.
Колонијата „Љубанци“ е традиционално поддржана и спонзорирана од Општина Бутел како нејзина активност и поддршка на ликовната уметност, а организатор е Градско здружение на ликовните педагози – Скопје.
Оваа манифестација претставува уметничка платформа која ја збогатува македонската културна сцена. Сите љубители на уметноста се поканети да ја посетат колонијата.


