Ѓоргиев: Целта не е промена на историјата, туку на учебниците
Задачата на заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања не е промена на официјалната историја, туку промена на напишаното во учебниците по историја од двете страни на границата, изјави професорот Драги Ѓоргиев.
– Во некои изјави и публикации бевме наречени дури и предавници, дека ја продаваме македонската историја, дека се што е напишано досега во однос на македонската историја ќе биде променето под диктатот на Бугарија. Ние не ја менуваме официјалната македонска историографија зашто нашата задача не е тоа. Задачата е промена на напишаното во учебниците по историја и од двете страни на границата, вели професор Ѓоргиев, за бугарската БТВ.
Според Ѓоргиев, бугарската страна имала забелешки дека во македонските учебници се чувствува јазик на непријателство кон Бугарија.
Македонските историчари, пак, имале забелешки дека во бугарските учебници Македонија се третира како неослободена бугарска територија”.
Втората забелешка од македонска страна се однесува на третирањето на јазикот на Кирил и Методиј во некои учебници во бугарија како старо-бугарски јазик.