Министерство за финансии подготвува текст на измени и дополнувањата со кои се очекува намалување на даночната евазија од даночните обврзници и подобра наплата на даноците, како и доуредување и допрецизирање на глобите во законот за физичките лица и трговците поединци, пишува Правдико.

Со цел намалување на фискалната евазија на даночните обврзници се врши доуредување на начинот на вршење на контрола и постапување на Управата за јавни приходи во случаите на констатирана неправилност.

Дополнително, со овие измени се врши доуредување на глобите во законот. Исто така, ќе се врши доуредување на начинот на издавање на фискални сметки кај вршителите на промет на храна и пијалоци за конзумирање во рамки на објектот на давателот на услугата, како и издавањето на сторни сметки кај истите и обложувалниците.