Од денес нови цени на горивата

loading...

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намали 4,5 денари за литар, на 67 денари. „Евросупер БС-98“ поевтини 4 денари, на 69 денари за литар.

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтини 3 денари, на 64,5 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намали 3,5 денари за литар и новата цена изнесува 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали 2,281 денара и новата цена изнесува 35,133 денари за килограм.

Translate »