Каде и зошто се крие Никола Груевски?

Органите на прогонот го бараат екс премиерот Никола Груевски од кој нема ни трага ниту глас неколку дена.

Се распиша потерница по можеби првиот македонски премиер кој ќе заврши зад решетки.

Груевски е осуден на две години затвор поради злоупотреба на службената положба и нелегално купување на луксузениот мерцедес.

МВР одлучи да распише потерница по повеќе неуспешни обиди на Груевски да му се врачи судската одлука за издржување затворска казна во петокот, но и вчера, кога истече крајниот рок.

Нема информации за тоа каде се наоѓа Груевски, кој во меѓувреме во повеќе наврати и начини бараше одложување на издржувањето затворска казна,

Екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ нема пасош, и е под посебни истражни мерки, поради судењата кои се водат против него.

Пасошот му беше одземен на 3 јули минатата година.

Translate »