Уредениот двор не прави многу посреќни!

Од Универзитетот во Ексетер извеле студија на преку 10.000 луѓе и дошле до заклучок дека луѓето се посреќни доколку живеат во зелени и уредени средини.

Чувството кое го дава зеленилото по својот придонес кон индексот на среќата не може да се мери дури ни со имањето партнер, покажува истражувањето.

Како што општествата, средините во кои живееме стануваат сè повеќе урбанизирани, парковите и градските градини стануваат главен контакт на човекот со природата. Кога тоа ќе се поврзе со почистиот и посвеж воздух, станува јасно зошто луѓето сè почесто сакаат да го минуваат времето надвор и да бидат вклучени во некаква физичка активност. foja.com.mk

Други експерименти на оваа тема покажуваат дека зеленилото го освежува и мозокот. Дури и самото гледање зеленило преку пенџере го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата. Луѓе изложени на природни пејсажи имаат подобро внимание и концентрација отколку оние кои пред себе гледаат урбани контури.

Дури и спротивно!

Запуштениот двор не само што не е пријатен за гледање, туку создава и негативни чувства, како несигурност и страв. За некого можеби уредувањето на дворот не е приоритет, во ситуација кога има секојдневни проблеми, но напротив барем малку физичка активност при уредувањето на дворот, знае да опушти и релаксира. Не секогаш имањето среден двор е поврзано со финансии, најчесто е потребно само малку иницијатива.

Уреден двор, најдобрата инвестиција!

А за сите оние кои се спремни да издвојат средства и да ги вложат во уредување на својот двор или тераса, па преку тоа и во сопственото здравје тука се пејсажистите од градинарскиот центар ФОЈА. Најдобрите во градов. Посетете го ФОЈА гарден центарот, нема да зажалите! foja.com.mk

Телефон: 2 772 046, маил адреса info@foja.com.mk или на страната

foja.com.mk

Translate »