Наградна игра на Натура Терапи со голем број на вредни награди
Во тек е голема наградна игра на Натура Терапи, во која право на учество имаат сите потрошувачи кои купиле пакет на производи во некој од продажните салони на Натура Терапи.
Нагрданата игра е со слоган ” Натура ги наградува сите кои с егрижат за своето здравје”
Ова се официјалните правила за учество:

Правила на Наградна Игра
,,Натура ги наградува сите, кои за здравјето се грижат,,
ОГАНИЗАТОР
Друштво за трговија и услуги НАТУРА ТЕРАПИ СТОРЕС ДООЕЛ Скопје, со седиште во Скопје на ул.Васил Стефановски, општина Центар, Скопје, со ЕМБС 7561962, застапувано од Управителот Џан Рамковски
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Наградната игра се приредува со цел рекламирање на производи од палетата производи на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ, Прозводите се продававаат преку продажните мрежи ( продавници и кол центар) на Натурапи Терапи Сторес и во Кит Го, маркетите, на територија на РСМ.
ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Името на Наградната игра е:
„Натура ги наградува сите, кои за здравјето се грижат “.
Право на учество во Наградната игра имаат сите потрошувачи (учесници) кои купиле пакет производи во продажните центри на организаторот , во износ од минимум 1490,00 ден. и стекнале право да испратат и испратиле СМС порака со КОД, кој ке биде ставен на купениот производ.
Право на учество имаат и сите потрошувачи (учесници) кои во Кит Го маркетите купиле производи од палетата производи на Натура Терапи Сторес , во износ од минимум 750,00 ден и стекнале право да испратат и испратиле СМС порака со број на фискална сметка.
Право на учество во наградната игра немаат сите оние потрошувачи кои пратиле Код или број на фискална сметка, пред и по завршување времетраењето на Наградната игра , поточно пред 00:00 на 28.02.25 и после 23:59:59 часот на 04.05.25 .
Право на учество немаат исто така и вработените кај организаторот како и членовите на нивното потесно семејство и малолетни лица со возраст под 18 години.
Времетраењето на Наградната игра е од 28.02.2025 г. до 04.05. 2025 г
ТЕРИТОРИЈА
Наградната игра се организира на територијата на Република Северна Македонија.
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ – НАГРАДЕН ФОНД
| Бр. | Награда | Количина | Поединечна вредност со 18% ДДВ | Вкупна вредност со 18% ДДВ |
| 1. | Фритеза, AIRFRYER | 11 | 3,804.94 | 41,854.31 |
| 2. | Робот Правосмукалка, црна боја, 55w вшмукување | 3 | 15,507.12 | 46,521.35 |
| 3. | Миксер за матење подножје, инокс | 14 | 1,066.40 | 14,929.54 |
| 4. | Соковник инокс, 800 W моќност, XXL овошје | 3 | 2,747.18 | 8,241.53 |
| 5. | Апарат за правење крофни, Инокс | 13 | 1,418.81 | 18,444.54 |
| 6. | Самостоечка машина за миење садови | 4 | 11,700.40 | 46,801.61 |
| 7. | Електричен шпорет 60×60 | 4 | 9,598.17 | 38,392.66 |
| 8. | Правосмукалка, Ровента | 7 | 4,892.52 | 34,247.63 |
| 9. | Blutooth speaker | 4 | 3,194.03 | 12,776.10 |
| 10. | Електричен бокал за вода | 10 | 615.31 | 6,153.12 |
| 11 | GORENJE комбиниран фрижидер | 3 | 12,401.61 | 37,204.84 |
| 12 | Прочистувач на воздух | 6 | 6,877.95 | 41,267.73 |
| 13. | Mултиготвач, Боја инокс црна, Моќност 1000W | 6 | 3,076.54 | 18,459.22 |
| 14 | Апарат за печење леб | 6 | 6,038.82 | 36,232.93 |
| 15 | JBL BT звучник | 6 | 1,591.32 | 9,547.91 |
| 16 | СТ микробранова | 6 | 3,736.44 | 22,418.67 |
| 17 | Голем грил тостер | 3 | 2,003.44 | 6,010.32 |
| 18 | Pro sound wherever you go.The bold colorful JBL | 6 | 2,295.32 | 13,771.90 |
| 19 | INDESIT машина за перење алишта | 4 | 13,139.51 | 52,558.05 |
| 20 | Тостер за топли лебчиња | 7 | 893.59 | 6,255.15 |
| 21 | Telefunken класичен шпорет | 3 | 14,634.19 | 43,902.57 |
| 22 | Мал Грил тостер | 3 | 625.06 | 1,875.18 |
| 23 | Кујнски робот | 3 | 4,659.47 | 13,978.40 |
| 24 | Колаген Пептидис | 462 | 420,00 | 194.040,00 |
| 25 | Бронхо Протект | 38 | 200,00 | 7.600,00 |
| 26 | Туристички аранжман | 10 | 30.000 | 300.000,00 |
| 27 | Велосипед | 10 | 5.999,00 ден | 59.990,00 |
| 28. | Автомобил FIAT 500 1.0 70HP MHEV | 1 | 896.100,00 | 896.100,00 |
| Вкупно | 656 | 2.029.575,26 |
Вкупниот награден фонд за оваа Наградна игра, изнесува 2.029.575,26 денари со вклучен ДДВ.
Во наградната игра нема да бидат доделени други награди. Замена на наградата со друга награда, со парична или друга противвредност, не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност како замена на планираната награда.
Учесниците во Наградната игра немаат право да бараат награда во поголема вредност или од различен вид од назначената во Правилата од страна на Организаторот.
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра ќе имаат потрошувачите кои ќе купат пакет производи во продажните центри на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ, во износ од најмалку 1.490,00 денари, а на кои ќе има КОД кој треба да се испрати на СМС порака. на тел.бр 145 111 при што ќе се добие повратна информација.
Исто така, Право на учество ќе имаат и потрошувачи во маркетите на Кит Го, кои имаат фискална сметка со најмалку 750,00 денари купени производи од асортиманот на производи на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ и ке го испратат бројот на фискалната сметка, датумот и времето на купување (датум,час и минута) преку СМС порака на тел. бр. 145 111, при што ќе се добие повратна информација,
Секој учесник во наградната игра е должен да ги чува кодот и фискалната сметка, до подигнување на потенцијалната награда.
Валидни ќе бидат само пораките кои ќе бидат испратени во периодот од 28.02.2025 година,од 00:00 часот до 04.05.2025 година до 23:59.59 часот, преку СМС порака и кои успешно се регистрирани,со повратна порака.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДА
Извлекувањето на наградите ќе се врши со софтер на организаторот, преку кој секој ден додека трае наградната игра, по испратена СМС порака на тел. Бр. 145 111 со код/фискална сметка. се добива повратна иформација :
- Повратна информација (порака) дека кодот е успешно регистрирање
- Повратна (порака) дека е испратен погрешен код
- Повратна информација (порака) дека кодот е искористен
- Повратна информација( порака) за предвремен испратен код
- Повратна информација (порака) дека кодот е испратен по завршување на времетраењето на наградната игра
Во текот на наградната игра ќе има десет неделни извлекувања на добитник и едно Главно извлекување.Извлекувањето ќе се врши во седиштето на организаторот, на адреса Васил Стефановски бр.5 Скопје, а објавата на неделните извлекувања ке се врши на официјалната страна на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ, односно на facebook страната, https://www.facebook.com/naturatherapy.mk/,, и тоа како следи:
Учествуваат само оние учесници кои испратиле валидна СМС порака во периодот од 28.02.2025 година,од 00:00 часот до 04.05.2025 година до 23:59.59 часот,а кои не добиле награда, во претходните неделни извлекувања.
Автомобил FIAT 500 1.0 70HP MHEV
Пред подигнување на наградата, добитникот треба да ја покаже повратната информација од СМС пораката и кодот/фискалната сметка .
Подигнуавање на наградите ке се врши во продажните центри на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ, Скопје.
Главната Награда Автомобил.FIAT 500 1.0 70HP MHEV ќе се извлекува на ден 07.05.2025 г , јавно на телевизија Сител со адреса на Градски стадион бб, Скопје во рамките на утринската програма во 9:15 часот.
Добитникот на Главната награда – АВТОМОБИЛ ќе биде објавен веднаш јавно на националната телевизија- СИТЕЛ, со објава на кодот и неговиот испраќач
Во извлекувањето на Главната награда учествуваат само оние учесници кои испратиле валидна СМС порака во периодот од 28.02.2025 година,од 00:00 часот до 04.05.2025 година до 23:59.59 часот,а кои не добиле награда, во претходните неделни извлекувања.
Добитникот треба да ја покаже повратната информација за регистрирање и кодот/фискалната сметка .
За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:
– тројца претставници, од организаторот на наградна игра
НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ
Добитниците на неделните награди ќе бидат објавени на – facebook страница на организаторот, https://www.facebook.com/naturatherapy.mk/, секој понеделник во 15 часот од 03.03.2025 до 04.05.2025 година
Пред подигнување на наградата, добитникот треба да ја покаже повратната информација од СМС пораката и кодот/фискалната сметка.
Подигнуавање на наградите ке се врши во продажните центри на Натура Терапи Сторес ДООЕЛ, Скопје.
Добитникот на Главна награда – Автомобил.FIAT 500 1.0 70HP MHEV ќе биде објавен веднаш јавно на националната телевизија- СИТЕЛ, со објава на кодот/фискалната сметка и неговиот испраќач.
Главната награда Автомобил , добитникот ќе ја подигне во просториите на Дајмонд Мол, каде ќе биде изложена.
Организаторот има право со нивна согласност, да ги слика/снима добитникот на наградата со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.
Сите Добитници може да ја подигнат наградата во рок од 30 дена, од денот на објавувањето на добитниците на наградите.
Доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со добитникот го губи тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели.
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на добитник, да поднесе приговор во писмена форма до Организаторот на Наградната игра , кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор
Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила согласно член 9 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја.
Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување, преку соопштение во медиумите.
Потенцијални спорови
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежни се соодветните судови во Скопје.
Задолжителни правила
Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на порталот radar.mk, пред почетокот на наградната игра, по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.
Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на Организаторот.
Организатор:
Друштво за трговија и услуги НАТУ РА ТЕРАПИ СТОРЕС ДООЕЛ Скопје
Управител Џан Рамковски

