Пакомак и Капитол Мол здружени за почиста средина го празнуваат седмиот #ЕкоРоденден

Цели седум години Капитол Мол претставува местото каде што потрошувачите можат да најдат се’ што им е потребно и притоа да го добијат најдоброто купувачко искуство во градот. По повод одбележувањето на седмиот роденден, Капитол мол и Пакомак ве повикуваат истиот да го одбележиме во боите на природата, здравјето и чистата животна средина, а притоа ви нуди и големи попусти за вашите новогодишни пазарувања.

Роденденската недела на Капитол Мол започнува на 12-ти, а завршува на 18-ти декември и во текот на овие седум дена купувачите ќе имаат можност да ги искористат големите попусти во трговскиот центар и да го завршат својот новогодишен шопинг. Во оваа сезона на подароци, Капитол мол и Пакомак одлучија дека најважниот подарок сепак мора да биде резервиран за потрошувачите и околината, па затоа веќе од утре (12.12.2020) пред трговскиот центар ќе бидат поставени контејнери за одложување на стаклен, пластичен и хартиен отпад, со цел заштита и зачувување на чистата околина.

Пакомак и Капитол мол ве повикуваат да го прославиме овој роденден во еко дух, да ѝ посветиме внимание на животната средина и да се погрижиме дека амбалажниот материјал и останатиот отпад завршува онаму каде што треба – во соодветниот контејнер. Преку играта со бои, Пакомак ќе го олесни и процесот на еко-едукација за најмалите, кои ќе научат да ги поврзуваат различните контејнери со соодветниот тип на отпад (зелен за стакло, жолт за пластика и син за хартија).

Сите граѓани, минувачи и потрошувачи се повикани да го остварат својот придонес кон здравата и чиста животна средина преку одложување на отпадот во контејнерите на Пакомак, за тој потоа да биде рециклиран. На овој начин, ќе имате директен удел кон одржувањето на здрава околина, која на пролет ќе биде разубавена и раззеленета со нови дрвја. Побрзајте, искористете ги роденденските попусти и одговорете на еко-повикот на Капитол Мол и Пакомак.

Translate »