Одвај спасија жива глава кога на нив налета јахта со полна брзина!!!
Иако рибарите мавтаа, јахтата удри во нивниот чамец со полна брзина. Видеото го фати последниот момент кога рибарите скокнаа во мраз студената вода и одвај спасија жива глава.Тие сега го тужат сопственикот на јахтата и од него бараат оштета од 350 000 долари. Тужениот Марлин Ли Ларсен во моментот на инцидентот не бил под дејство на алкохол и дроги, вели истрагата. Но, рибарите , кои поминале само со полесни повреди, тврдат дека го виделе како зборува на мобилен телефон кога со полна брзина налетал на нив. Инцидентот се случил во американската држава Орегон, на реката Колумбија.