Фатен на дело: Познаник на семејството влегол во нивниот дом и киднапирал дете…

встралиската полиција после шест часа интензивна потрага успеа да го пронајде детенцето на возраст од година и пол кое беше киднапирано од 31-годишно лице.

Мажот со маска и ракавици влезе во куќата во Бризбејн околу 4 часот наутро, го извлече детето од креветчето и побегна. Дека детето го нема забележал дедото кој случајно станал и забележал дека вратата од детската соба е отворена.

Безбедносните камери го снимиле киднапирањето, по што веднаш била известена полицијата. Детето било пронајдено после шест часа во една куќа оддалечена околу 8 километри од домот. За среќа, детето не било повредено, а киднаперот е веќе зад решетки.

Киднаперот на сослушувањето тврдел дека има шизофренија и слушал гласови.

Таткото на детето истакна дека неговото семејство добро го познава лицето кое го извршило киднапирањето: „Пред неколку месеци го запознавме, изгледаше како добар човек“.

izvor Tocka.com.mk

Translate »