Афион волшебна билка кој носи бројни здравствени придобивки!

Источна Македонија, посебно радовишкиот крај, има долгогодишна историја на одгедување афион. Оваа лековита билка во минатото била неделив дел од исхраната на нашите предци. Го консумирале на различни начини свесни за неговите здравствени придобивки. Многу полека и срамежливо повторно се враќа во исхраната. Домаќинките го употребуваат за колачи, торти и на други начини го користат во исхраната. На наша среќа, денес благодарение развојот на технологијата од афионот може да добиеме и афионово масло, цедено на принцип на ладна екструдација. Се добива на природен начин, на температура од 40˚С со што се задржуваат сите корисни состојки на афионовото семе кои итекако се корисни за човековото здравје. Афионовото масло, содржи висок процент на маснотии, но здрави незаситени маснотии, потоа содржи висок процент на протеини и помалку јаглехидрати.

Во продолжение ќе видиме некои од бројните лековити својства на афионот, кои дополнително треба да не мотивираат да го вклучиме во исхраната:
– го успорува развојот на мултиплекс склероза
– да го заштитат кардиоваскуларниот систем
– да го регулираат крвниот притисок
– згрутчувањето на крвта
– го штити срцето
– кардиоваскуларниот систем од оштетување
– ефикаснен е во лекување кожни болести
– го штитат организмот од воспаленија и малигни заболувања
– опуштање на мускулите
– против болки
– при кашлање
– грчеви во стомакот
– за лекување на желудник
– настинка и болки во грлото, заболени крајници
– бели дробови, хроничен бронхитис
– Астма
– ублажување на нервните заболувања
– го намалува стресот
– депресија
– несоница
– спречува развојот на канцер
– го подигнува имунитетот и производството на црвени крвни зрнца
Афионот е исклучително богат со незаситени масни киселини, особено олеинска и линолна
(есенцијални омега 6 масни киселини кои телото не ги произведува). Се наоѓа во клеточните
мембрани на растенијата и учествува во нивната изградба, а ја поттикнува ресорпцијата и
транспортот на витамините А, Д, Е и К, кои се растворливи во масти. Омега 6 масните киселини
можат да го забават развојот на мултиплекс склероза, да го заштитат кардиоваскуларниот систем,
да го регулираат крвниот притисок и згрутчувањето на крвта.
Олеинската киселина не е есенцијална, туку мононезаситена од омега 9 групата, а организмот
делумно може да ја синтетизира. Истражувањата покажуваат дека го спречува развојот на канцер
на ниво на ген.
Афионот содржи: омега 3 масни киселини, кои го подигнуваат имунитетот и го штитат
организмот од болести. Јаглехидратите од ова растение даваат енергија. Ситното зрно содржи
многу минерали, особено јод, манган, магнезиум, цинк, калиум и бакар. Магнезиумот учествува
во создавањето на моќен антиоксиданс супероксид дисмутаза.
Бакарот го регулира
производството на црвени крвни зрнца, цинкот ги усогласува ензимите одговорни за
производството и подвижноста на спермата. Калиумот е многу важен за контрола на работата на
срцето и спречување на кардиоваскуларни заболувања.
Афионот содржи и витамини од групата Б, оксална киселина и аморфни алкалоиди. Покрај
ензимите, тие влијаат и на подобро функционирање на органите за варење. Минералите и
витамините ја ублажуваат раздразливоста и стресот и промовираат добро расположение.
Семето од афион произведува извонредно масло, кое е добра замена за маслиновото масло. Се
јаде, а се добива со ладно цедење сурови семиња. Афионот што се продава во продавниците за
храна не содржи алкалоиди (тие предизвикуваат зависност), бидејќи семките се сушат, па слабо
делуваат на нервниот систем.

Знаењата за лековитите својства на афионот потекнуваат од раниот неолит, а траги од ова
растение се пронајдени во египетските гробници кои датираат од пред 3.000 години. На пергамент
е зачуван рецепт за лек од ова растение, кој го спречува детскиот плач, а се сметало дека
помешан со мед е вистински еликсир на младоста и здравјето.

Затоа, веднаш вклучете го афионот и неговите продукти во вашата исхрана.

https://www.facebook.com/biooilMK

Translate »