Симеуновиќ:Бугарската војска е позната по ѕверствата во Македонија и во Србија

Српскиот амбасадор во Бугарија Жељко Јовиќ бил повикан во бугарското Министерство за надворешни работи поради изјавата на професорот Драган Симеуновиќ, вршител на должноста директор на владината Академија за национална безбедност, кој во интервју за националната телевизија IN4S повеќе пати ги нарекол Бугарите „ѕверови кои убиваат сè што ќе видат“, пренесува Бугарското национално радио.

Според бугарските медиуми, Симеуновиќ ги обвинувал Бугарите за злоупотреба на деца и силување за време на интервјуто за Националната телевизија.

„Бугарите и нивната војска се познати по ѕверствата. Такви зверства малку кој прави. Германците убиваат, но Бугарите се изживуваат. Вадење деца од стомакот на трудните жени, набивање деца на бајонети, силувања пред членовите на целото семејство. Тоа се работи кои Бугарите ги правеа. И се разбира бугаризација. Убивање на учителите, воведување бугарски учебници и слично. Тоа беа идеи кои тогаш се спроведуваа во пракса. Тоа е правено во денешна Македонија, но тоа е правено и на југот на Србија, рече Симеуновиќ, во емисијата Српски свет, на Националната телевизија, и додаде:„Апетитете на Бугарија е дека се до Крушевац е бугарско. Се до реката Морава. Јас мислам дека и денес Бугарија ги има тие територијални апетити.

Гледате што прават со Македонија, вели тој. Просто не можете да поверувате дека тоа се случува во 21-от век. Тоа е алчност. Тие сакаат да ја земат Македонија и да ја прогласат дека е нивна“.

Според бугарската страна, изјавите на Симеуновиќ се јасен пример за употреба на јазик што шири омраза кон Бугарија и Бугарите.

Бугарија очекува соодветна реакција од српските власти и институции, се вели во соопштението

Translate »