Експертите загрижени: Новиот сој на коронавирус спонтано мутира…
Мутацијата на коронавирусот Е484К која предизвикува загриженост кај научниците, се појави спонтано кај сојот Б.1.1.7 откриен во Велика Британија, изјави професорот по епидемиологија и член на кризниот штаб Калум Семпл.
Мутацијата Е484К која се јавила на протеинот „С“ иста е како кај промените забележани во мутациите откриени во Јужна Африка и Бразил, кои предизвикаа меѓународна загриженост, пренесува британски „БиБиСи“.
Е484К е мутацијата која посебно ги загрижува научниците се појави во сојот Б.1.1.7 кој најпрвин беше откриен во округот Кент на југоистокот на Англија, изјави Семпл за „БиБиСи“.
Податокот дека мутацијата Е484К спонтано се појавила во Велика Британија веќе беше објавена во техничкиот извештај кој го направи Институтот за јавно здравје на Англија, но не доби преголемо внимание надвор од академските кругови.
Во овој извештај е наведено дека е откриен ограничен број на геноми поврзани со мутацијата Е484К во сојот Б.1.1.7.