Пратеникот Крсто Мукоски излегува од домашен притвор
Пратеникот Крсто Мукоски кој е обвинет за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок за собраниските инциденти излегува од домашниот притвот, информираа од кривичниот суд. Мукоски ќе нема пасош, а ќе биде задолжен да се јавува во судот во Струга.
„Апелациониот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на К.М. обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на Р.М. со кое решение ја уважил жалбата на обвинетиот изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор определена со решение на Врховен суд на Р.М., продолжена со решение на кривичен совет при Основен
суд Скопје 1 – Скопје, а се определуваат мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга“, соопштија од кривичниот суд.
Претходно од домашен притвор излегоа и пратениците Сашо Василевси и Љубен Арнаудов.
Во обвиненето, пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски се посочени дека лани на 27 април ги отвориле собраниските порти за да влезе толпата. За време на судењето за преметот „27 април“, сведок ги посочи двајцата пратеници дека ги отстраниле гредите од главните врати на законодавниот дом.