Јанева со адвокат дојде на распит кај Русковска

Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески, кој е поранешен јавен обвинител, таа не одговараше на новинарски прашања ниту сакаше да коментира за случајот „Рекет“.

„Што се однесува до мојата изјава денес се надевам дека ќе помогнам на истрагата“ рече Јанева по што влезе на распит.

Таа во својата изјава рече „Јас сум се уште специјален јавен обвинител“, посочувајќи дека нејзините обвинители имаат целосно овластување да ги настапуваат предметите на суд.

Јанева се надева дека есенва ќе има неколку разрешници од случаите кои ги води СЈО.

Специјалната јавна обвинителка доцнеше на распитот кај Русковска.

Распитот на Јанева доаѓа еден месец по отворањето на истрагата за „Рекет“ каде засега осомничени се само Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец. Според Обвинителството, двајцата се сомничат дека изнудувале рекет од бизнисменот Орце Камчев, а за возврат тој требало да биде ослободен од истрагата за случајот „Империја“. Уште по отворањето на истрагата, обвинителката Русковска рече дека постои можност истата да се проширува.

Досега сведочеа обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ и обвинителката Елизабета Јосифовска која како заменик на Јанева потпишала решение за отфрлање на притвор за Орце Камчев.

Translate »