Американците уапсија албански терорист: Сакал да се одмазди за масакрот во Нов Зеланд!

Албанецот Фабијан Аламети кој имал намера да ѝ се приклучи на Исламската држава и планирал изведување на терористички напади во САД, уапсен е во американската сојузна држава Монтана.

ФБИ го следеле Аламети од минатата година кога на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил дека ја поддржува Исламската држава. Со него неодамна во контакт стапил доушник на ФБИ, на кого Аламети му открил дека сака да им се приклучи на џихадистите и да се бори во Ирак и Сирија.

Аламети открил дека сака да изврши терористички напад на американска територија, а како негови потенцијални мети ги навел воените објекти и регрутните центри на американската армија, владини згради, геј клубови и синагоги, пренесува “NBC”.

Кога слушнал за масакрот во Нов Зеланд, тој од доушникот му рекол дека ќе ги нападне случајните минувачи за да „ја одмазди крвта“ на настраданите во нападот на двете џамии во Крајстчрч.

Тој бил уапсен на полигон за стрелање каде што изнајмил пушка и вежбал пукање. Тој во четвртокот бил изнесен пред судот под обвинение за илегално поседување на огнено оружје, а се очекува обвиненијата да бидат проширени.

Translate »