Елиф Елмас- Реал Мадрид или Барселона, имам големи соништа!

loading...

Елиф Елмас со своите одлични настапи за Фенербахче и за македонската фудбалска репрезентација веќе подолго време го привлекува вниманието на светски познатите медиуми, па сето тоа придонесе нашиот фудаблски „бисер“ веќе во неколку наврати да биде преселуван во неколку познати фудбалски клубови.

Реалноста вели дека блиската иднина на Елмас е поврзана со турскиот гигант Фенербахче, а сите претпоставуаат дека клубот од Истанбул ќе биде само отскочна даска на еден феноменален фудбалски талент на кој му се предвидува светла кариера и голем трансфер.

Елмас цврсто стои на земја и е свесен дека со своите партии веќе е на мета на неколку важни клубови од најсилните првенства во Европа, а навистина позитивно е да се чуе тоа што и самиот тој има големи амбиции и желба да заигра за најголемите фудбалски великани.

Македонскиот репрезентативец одработи подолго интервју за познатиот турски весник „Созџу“, разговор при кој откри која е неговата цел во наредните четири или пет години.

– Сакам да се надоградувам од година во година и во иднина да станам играч кој ќе аспирира за „Златната топка“. За четири или пет години, планирам да заиграм во Ла Лига, за Реал Мадрид или Барселона. Имам големи соништа, сакам со Македонија да изборам настап на Европското првенство во 2020 година, а како ќе се развива сето тоа зависи само од мене. Останува напорно да работам како досега и правилно да се развивам. Знам дека ме поврзуваат со многу клубови, но засега не се оптоварувам со шпекулациите, – нагласува 19-годишниот Елмас.

Translate »