“Оган и бес ” и реткото селфи на Меланија Трамп
Редици се редат пред книжарниците во Вашингтон за новата книга “Оган и бес” посветена на Доналд Трамп. Интимните детали, бракот, руско-американските врски, семејниот живот, односот со бившите сопруги и бизнис партнери, речиси се е обелоденето во книгата на новинарот Мајкл Волф, а главниот извор е Стив Банон, поранешниот советник на Трамп.
Книгата открива дека Меланија Трамп буквално липала кога дознала дека нејзиниот сопруг станал претстедател на САД. Но, не од среќа туку од мака. Еве делови од книгата:
” Доналд и Меланија речиси никогаш не беа заедно, пред тој да стане престедател. Таа, многу често, не ни знаеше каде се наоѓа Трамп. Со денови не комуницираа, а таа целосно беше посветена на синот. Не ја интересираше ниту тој ниту неговиот бизнис, туку само Барон (синот). Тој ја викаше “мојата трофеј жена”, а таа се појавуваше со него само на јавни настапи. ”
“Фактот дека Трамп станал престедател на САД, кај неа разбуди страв дека тоа значи крај на нејзиниот дискретен и повлечен начин на живот, посветен на воспитување на нивниот син.”