Древни обичаи за Коледе и Бадникова вечер кои ќе ви донесат љубов ,среќа и бериќет
-
Ако не сте мажени/женети , на Бадниковата вечер треба да го сокриете првиот залак од месеното лепче, ама никој од масата не смее да ве види. Потоа треба залакот да го ставите под перница. Според старите верувања, ако ви е судено годинава да се омажите или ожените, ноќта ќе го сонувате ликот на вашиот иден сопруг/а.
2.На Бадниковата вечер и на Коледе, жените кои не раѓале, а планираат да имаат деца годината, не смеат да фаќаат остри предмети за да не предизвикаат зло.
3.На Коледе и Бадник е строго забрането да се пере, да се сушат алишта, да се мие главата, преде волна. Жените не би требало да одат на работа во овие денови. Против уроци и зли духови, православците порано носеле лук во алиштата, а околу вратот глогов венец.