Маани кои откриваат колку сте интелигентни
Си легнувате доцна, масата ви е постајано во хаос,а пцуете навистина талентирано! Сите имаме маани, лоши навики и особини , нели? Сепак, не е сè толку црно, напротив можете дури и пријатно да се изненадите, затоа што некои маани покажуваат дека сте интелигентна личност. Еве кои се тие:
1. Многу пцуете
Истражувањата покажаа дека луѓето кои многу пцујат, a при тоа се “креативни” и имаат богат фонд на пцовки, прават подобри тестови на интелигенција од другите учесници. Истражувачите заклучиле дека познавање на голем број вулгарности покажува дека сте интелигентна личност.
2. Доцна легнувате да спиете
Кој рани рано, две среќи граби?! Веројатно не. Една студија направена со млади луѓе покажа дека оние кои одат во кревет доцна, имаат повисок коефициент на интелигенција. Се разбира дека тие и доцна стануваат, затоа родители имајте верба во своите деца, оставете ги да си поспијат.
3. Мрзливи сте
Добра вест за сите оние кои се мрзливи- истражувачите на Универзитетот во Флорида откриле дека интелигентните луѓе трошат многу време на размислувања и набљудувања и затоа помалку работат
4. Смирени сте
Се разбира дека и паметните луѓе покажуваат емоции, но кога тоа се случува тие со помала веројатност завршуваат конфликтно.
5. Не сте уредни
Неуредноста има позитивен ефект врз нашата креативност. Ова е причината зошто креативни луѓе се неуредни и зошто нивната маса изгледа како да паднала бомба.
6. Не се сметате за подобри од другите
Поинтелигентните луѓе се помалку склони кон хомофобија и расизам. Истражувачите се согласуваат дека луѓето кои немаат предрасуди и имаат напредни размислувања се на одредено ниво на интелигенција.
7. Си ги признавате грешките
На паметните луѓе им е полесно да ги признаат своите грешки. Покрај тоа, тие го гледаат како шанса за учење и напредок. Оваа карактеристика е исто така дел од емоционалната интелигенција. Таа одредува како се справуваме со чувствата и како ги користиме за да напредуваме.
8. Ги гледате работите од туѓа перспектива
Оваа особина, позната како емпатија, исто така е дел на емоционална интелигенција. Во дебата, на пример, луѓе кои ја немаа немаат оваа карактеристика , очајно се обидуваат да ја убедат другата страна да ги прифати нивните мислења, а при тоа не можат да го прифатат туѓиот став.
9. Не можете да ги поднесете глупавите луѓе
Интелигентните луѓе може да бидат нетолерантни и генерално преферираат да имаат помалку, но вистински пријатели.
10. Аларм за будење
Конечно, најважното: интелигентните и креативни луѓе имаат тенденција да го одложуваат времето за будеење, алармот наутро го исклучуваат и генерално сметаат дека времето е релативно.