Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје.

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје.

Од МВР за МИА потврдија дека нејзината смрт ја пријавил член на семејството синоќа околу 22.40 часот.

Според извори од истрагата, се работи за самоубиство.

Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје.

Билјана Беличанец од 2013 до 2017 година беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода избрана на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Во тоа време беше особено позната по натсинхронизацијата на гласот на ликот Хурем во турската серија „Сулејман Величествениот“.

По излетот во политиката таа му се врати на театарот.

Неодамна се омажи со битолскиот режисер Сашо Миленковски. Тоа беше нејзин втор брак.

Остави две малолетни деца од првиот брак со скопски стоматолог.

Во 2009 ја доби наградата на фестивалот “Војдан Чернодрински” за главна женска улога во “Кинегонда во Карланенд” а во 2012 за улогата во “Генетика на кучињата” што потоа беше прекрстена во „Господа Глембаевски“.

Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски”и “Последните Македонци” во нејзината матична куќа Драмскиот театар во кој игра од 1997 година.

Translate »