Димитров: Важно ни е датумот за преговори да се даде неделава, на самитот на ЕУ
Шефот на дипломатијата се надева дека ќе се најде компромис меѓу членките на Унијата за да се донесе јасна политичка одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ.
Димитров во интервју за телевизија „Сител“ истакна:
– Нас ни треба лидерите во четврток и петок да седнат и да ја прифатат препораката на Европската комисија и да одлучат Македонија да започне преговори за членство. Како тоа ќе се случи, кога ќе се случи тоа, може да биде предмет на компромис. Нас ни е многу важно, таа политичка одлука да се донесе неделава и да нема потреба на некој друг Европски совет пак да бидеме во ваква ситуација да се одлучува, истакна министерот.
Запрашан дали тоа би се рефлектирало врз договорот доколку Македонија не добие позитивно светло од Европската унија, Димитров со став дека „наше е да направиме и да мислиме дека ова ќе успее“.