Приведен е еден од групата осомничени кои учествуваа во насилствата во собранието
Приведен е Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата од 27 април, објави Телевизија 24 повикувајќи се на свои извори.
Додевски е од групата осомничени по кои беше распишана потерница. Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени, меѓу кои Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.
Сите осомничени, се уште се во бегство. Освен нив, уште 28 лица за овој случај веќе се веќе во притвор.
Информацијата ја потврдија и од Основното јавно обвинителство.
Фото.Novatv.mk