Мицотакис: Нема да гласам за договорот во Парламентот,но ако сепак биде ратификуван, нема многу место за маневрирање

Лидерот на Нова Демократија Кирјакос Моцотакис  во интервју за “Скај ТВ ” изјавил  дека неговата партија нема ниту да гласа ниту да го ратификува договорот потпишан од министрите за надворешни работи  на Атина и Скопје.

„Ние нема да го ратификуваме договорот. Ниту сега, ниту, пак, кога ќе станеме влада ако претходно не одобрен“, рече Мицoтакис .

Но, предупреди дека доколку договорот се ратификува од сегашниот состав на Парламентот, тогаш неговиот простор за маневрирање ќе биде значително намален.  Според него, Владата на Ципрас на Северна Македонија ѝ дала јазик и националност. Договорот, истакна Мицотакис , е со многу проблематични точки, а меѓу нив е и  комерцијалното брендирање.

 

Translate »