Виталиа со слатки впечатоци од ISM 2019 во Келн, Германија
Виталиа и оваа година се претстави со своите уникатни, здрави производи на престижниот ISM Келн – најголемиот саем за кондиторија.
„Посетителите најчесто се заинтересирани за производи кои доаѓаат во помала, практична амбалажа и кои со себе носат додадена вредност како „суперхрана“, или пак, храна со одредени функционалности – безглутенска, високо протеинска, без додаден шеќер, веганска, кошер, халал.Севкупните побарувања на динамичниот начин на живот во начелата на здрава храна се дел од широкиот продукт асортиман на Виталиа. “- изјавија од Виталиа
Најголема заинтересираност кај посетителите разбудиле новите Smoothie to go како иновативен и револуционерен производ која соодветно се прилагодува во модерниот здрав животен стил. Новата здрава ужинка – Super Cookies, добропознатите Raw Bars, како и популарните Bites2go за кои веќе има побарувачка од авиокомпаниите во Малта .
Саемот ISM, се одржува секоја година каде се консумираат неодоливи производи кои ги поставуваат новите нутритивни и потрошувачки трендови. Сите претставници од доменот на ужинки и кондиторски производи се присутни, отвораат перспективи и можности за освојување на нови пазари.
Виталиа секојдневно не изненадува со нови, здрави производи. Со нетрпение го очекуваме новиот!