Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија
Со Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група има шест од десетте најдобри регионални брендови
Скопје, 25. април, 2019.– Во средината на март, Атлантик група потпиша договор за соработка за дистрибуција во Македонија со Beiersdorf, глобален козметички производител на брендови за лична нега. Портфолиото на производи кои влегуваат во дистрибутивниот асортиман на Дистрибутивното подрачје Македонија за Атлантик Група, е на водечките позиции во категориите за лична нега – нега на лице, нега на тело, нега за усни, универзална крем за нега на кожата и козметички производи за мажи. Така, во дистрибутивното портфолио на Атлантик Група на македонскиот пазар ќе бидат додадени уште некои глобално – познати брендови како Nivea, Labello, Hansaplast и Atrix. Вкупната вредност на очекуваната годишна продажба изнесува над 4 милиони евра.
Продолжува деловната експанзија со реномирани партнери низ целиот регион
“Со новата соработка, Атлантик Група ја потврдува својата стратешка позиција во дистрибуцијата, која подразбира соработка со брендови со највисоки стандарди и јасно маркетиншко позиционирање на пазарот. Со вклучување на брендот Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група денес има вкупно шест, од десетте најдобри регионални брендови (според Valicon истражувањето). Со посебно задоволство ќе продолжиме да го шириме асортиманот во Македонија, зајакнувајќи ја позицијата на водечки дистрибутер на пазарот”, вели Перица Вичишки, извршен директор за дистрибуција во Македонија.
Дистрибутивниот бизнис е важен столб во целокупното работење на Атлантик Група и нејзината севкупна стратегија, што се потврдува и со последниот договор за соработка со Beiersdorf. По постигнувањето на одлични резултати со ширењето на работното портфолио со Red Bull во Србија и Mars групата во Хрватска минатата година, новиот договор за дистрибуција на почетокот на 2019 ја потврдува одлучноста на компанијата секојдневно сè повеќе да се развива.