Заев со директна наредба до роднините на функционерите да си дадат отказ
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Прилеп, испрати директна наредба до роднините на функционерите веднаш да се повлечат од работните места.
„Државна антикорупциска комисија е независна институција и очекувам од неа да ги соопшти резултатите и за другата страна. Тие беа примерот за непотизмот со целосно партиско и роднинско вработување. Повикувам на политичка и професионална одговорност од секој што напарвил непотизам и го ускратил правото на граѓаните за вработување“, порача Заев од Прилеп.
Државната комисија за спречување на корупција вчера објави како тече непотизмот, односно ги обелодени случаите со три вработувања на роднини на пратеничката Мира Стојчевска и три на пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски.
Исто така сестра му на министерот за економија Крешник Бектеши била избрана од 73 кандидати за работно место референт за правни работив во „Мепсо“. Изборот бил направен без записник за интервјуа, бодирање а од петмината кандидати кои влегле во потесен круг, била избрана Влора Бектеши.