Шпанците повеќе не купуваат тоалетна хартија: Сега панично се фрлија на овие производи (ВИДЕО)

Чипсот од компири, чоколадите, сладоледот и инчуните исто така ги снема од полиците и нивната продажба порасна од 76 на 87 проценти.

Тоалетната хартија веќе не е проблем. Шпанските продавници се полни. Наместо тоа, Шпанците панично купуваат вино, пиво, маслинки, чипс и чоколадо или едноставно ги конзумираат повеќе.

Тоа го покажуваат податоците од пазарот во време кога цела Шпанија е во изолација од 15 март.

Шпанците во текот на изминатите недели купиле 80 отсто повеќе пиво и 60 отсто повеќе вино отколку пред недела дена, се наведува во извештајот на компанијата Инфоретаил.Се чини дека маслинките се уште по популарни, зошто им скокна продажбата за 94 отсто.

Чипсот од компири, чоколадите, сладоледот и инчуните исто така ги снема од полиците и нивната продажба порасна од 76 на 87 проценти.

Шпанците кои инаку се дружат по кафулињата, баровите и другите отворени простори сега си направија свои домашни барови, пишува шпанскиот дневник Ел Паис.

Психологот Олга Кастаниер овие промени ѝ ги припишува на анксиозноста предизвикана од вирусната епидемија и новите ограничувања на движењето.

„Кога сте под стрес, не јадете бифтек. Во таква ситуација, телото копнее по шеќери и маснотии“, вели таа за Ел Паис.

Признава дека ќе се состане со пријателите преку Скајп за да испијат пиво.

Translate »